T: +38922454004
Email: contact@lionins.mk
ЛАЈОН ИНС АД Скопје
Ул. Наум Наумовски Борче бр. 38/1-2, , 1000, Скопје Р. Македонија
Зошто осигурување од провална кражба? Купи патничко осигурување
Во полн ек е сезоната на годишните одмори, периодот во годината кога повеќето се подготвуваат за заслужената оддишка од талогот насобран од обрвски и стрес. Време на планирање и организирање. Да не се заборави нешто, да не се пропушти нешто и да го попречи целосното опуштање на одбраното место за одмор. Добро, признавам дека има симпатичен шмек префрлањето на вината од еден на друг за некоја заборавена ситница, а која има толку „суштинско“ значење за престојот (полнач, таблет, книга, омилените шорцеви...). Најчесто – она што го немаме, без тоа се може.
Но, има и работи кои доколку ги заборавиме, навистина ќе имаме проблем со црвчето кое ќе ни го грицка мирот и раатот за време на одморот. За да го анестезираме тоа црвче и да тргнеме на патување опуштени, треба помислата „што ли се случува дома?“ да ја избркаме од глава. Таа најлесно се брка, или поточно се заменува, со помислата „домот ми е осигуран“. Нам ни е сезона на одмори, на провалниците им е работна сезона. Најголем дел од провалните кражби се случуваат во летните месеци.
Затоа, ако досега не сте го направиле тоа, вистинското време е да купите полиса за осигурување на вашиот дом и да се заштитите од најчестиот расипувач на одморите – провалната кражба.
Јавете се и Вашата понуда ќе биде подготвена веднаш!
Напомена: Ризикот кражба се вклучува во пакетот за Домаќинско осигурување и заедно со другите ризици (пожар на градежен дел и предмети, трошоци за нужно сместување, поплава, одговорност кон трети лица и други) ја формираат вкупната годишна премија.