Вие осигурајте си добра забава за празниците, а ние ќе ги осигураме вашиот дом и патување

27.12.2018 17:51:50 / Објавено во БЛОГ

За сите генерации Нова Година и Божиќ се денови на радост, возбуда, патувања и дружење. Сигурно половина од нас ќе ја дочекаат Новата година на гости кај пријателите и роднините или ќе заминат на патување. Аха! Но ова значи дека половина од домовите се празни и несакајќи ќе пречекаат луѓе кои би сакале „трајно да ги позајмат“ вредните нешта кои си ги чуваме во домаќинствата.

Ако порано важеше „правилото“ дека Новата Година треба да се дочека дома, за понатаму во текот на новото лето да гравитираме околу огништето, денес сите посакуваат да ја дочекаат некаде надвор, со надеж дека токму по аналогија на ова правило целата година нема да се приберат од шетање.

Кој и да е вашиот избор за празничните денови, ние во Лајон Инс ве советуваме да се заштитите од несакани расипувачи на празничното расположение со домаќинско осигурување. Причина повеќе да го осигурате вашиот дом се и зголемените сезонски ризици од пожар предизвикан од огрев, топлотни тела или преоптоварена електрична инсталација. За да го направиме овој осигурителен производ подостапен, Лајон Инс подготви специјална ценовна понуда, а за да ја искористите, не мора ни да го напуштите вашиот дом. Нашите агенти кои веќе активно ја промовираат оваа понуда низ главниот град, ќе ја изработат и ќе ви ја достават вашата полиса за домаќинско осигурување, директно до вашиот дом.

Се разбира, не треба ни да помислите да тргнете на пат без патничко осигурување, а ако вашето патување вклучува авантура и скијање, со мал доплаток добивате и заштита од спортски повреди.

Не го одложувајте осигурувањето на домот и поминете си прекрасни празнични денови.

Изобилство на љубов и радост во Новата Година и во пресрет на празникот на раѓањето Христово, ви посакува целиот тим на Лајон Инс.

 

 

Јавете се на вашиот агент за осигурување!

Емилија Јањиќ

077/662-932

Филип Ѓуревски

079/323-478

Илија Колев

078/259-326

TOP