T: +38922454004
Email: contact@lionins.mk
ЛАЈОН ИНС АД Скопје
Ул. Наум Наумовски Борче бр. 38/1-2, , 1000, Скопје Р. Македонија
Блогот на Лајон Инс е нашето катче каде на еден неформален начин зборуваме за актуелностите поврзани со нашата компанија. Епа нас во моментов ни се супер актуелни нашите супер агенти со нивните супер моќи – да ве охрабрат и уверат дека купувањето осигурување во Лајон Инс е најдобар избор за вас.
Веќе зборувавме во еден претходен блог за важноста на постоењето на теренски агенти и 5те главни причини кои го оправдуваат нивното функционирање. Денес ќе се обидеме дополнително да ви ги доближиме и претставиме. Дел по дел, тие веќе го „освојуваат“ Скопје и му даваат една лична нота на процесот на продажба на осигурување. На секој од вас што ќе ги пречека во својот дом подготвени се трпеливо и со насмевка да ги презентираат сите полезни информации за различните видови осигурување.
Во лицето на агентот на Лајон Инс ќе добиете пријател со кој односот ќе се заснова на доверба и достапност. На овој начин, добивате ваш личен агент за осигурување, кој не ве „таргетира“ само за да ви продаде, туку ви стои на располагање за сите ваши дилеми поврзани со осигурувањето, секогаш со најрелеванти информации. Тие се тука за вас да ви понудат стручна помош, како и да бидат ваша директна врска со компанијата.
Во сите развиени земји улогата на теренските агенти во осигурувањето е незаменлива. И покрај пробивот на технологијата, „интуитивните“ веб страници за онлајн продажба и автоматизираната корисничка грижа, делувањето на агентите воопшто не загуби на важност. Напротив, тие се оската која ги поврзува компанијата, технологијата, осигурителните продукти и клиентите, и затоа се длабоко ценети.
Нашите „теренци“, се млади, шармантни, воспитани и секако - стручни. Една средба со нив ќе ви биде доволна да се уверите дека во нив добивате партнер, а ние веќе добивме вистински Лајон Инс амбасадори.
Доколку не ви се чека да тропнат кај вас на врата, ги споделуваме со вас нивните контакт детали каде веднаш можете да се распрашате за тековната специјална понуда за домаќинско осигурување.
Емилија Јањиќ |
077/662-932 |
Филип Ѓуревски |
079/323-478 |
Илија Колев |
078/259-326 |