ПРОВАЛНА КРАЖБА И РАЗБОЈНИШТВО

22.05.2018 17:54:14 / Објавено во БЛОГ

Покрај од пожарните ризици, Вашиот имот можете да го заштитите и од провална кражба и разбојништво. Предмет на ова осигурување можат да бидат опремата, машините и залихата на правното лице, или подетално:

  • подвижни ствари во згради или простории, мебел и уреди во канцеларии, угостителски претпријатија, здраствени установи, заводи, интернати, и слично;
  • пари, скапоцености, хартии од вредност, таксени и поштенски марки и други вредности, збирки и сл;
  • резерви на стока, суровини, полупроизводи, готови производи, помошен потрошен материјал и ситен инвентар во:
    - индустриски и занаетчиски претпријатија,
    - угостителство и складишта,
    - трговски дуќани;
    - пари и други вредности за време додека се пренесуваат или превезуваат;
    - музеи, изложби и јавни библиотеки.

Со осигурувањето се покрива ризикот извршување или обид за провална кражба и разбојништво, како и вандализам во текот на извршување на провалната кражба.

TOP