Спорт - Партнерство - Пријателство

08.04.2019 12:42:30 / Објавено во БЛОГ

Спортот бездруго е еден од најефикасните начини да си осигураме добро физичко и ментално здравје. Оттаму, природно се случи врската меѓу нашата осигурителна куќа и аматерскиот атлетски клуб Скобул која трае и се развива веќе две години. Нашата компанија ја помага со соодветни осигурителни производи и финансиски средства оваа спортска бајка која ја живеат и трчаат членовите на ААК Скобул. Тие ревносно и радосно земаат учество на најважните маратони и полумаратони во регионот и пошироко и постојано ги поместуваат границите на своите можности. Тие се наши модерни Форест Гамповци на кои љубовта кон трчањето им прави да не престанат со трчање и да не престанат со барање нови предизвици.

 

Заедно „трчавме“ во Амстердам, Париз, Белград, Софија,  Љубљана, а ќе продолжиме и на наредните нивни дестинации. 
Трчавме и со нашиот драг Благоја Ацковски во Р. Србија на неговиот 20ти полумаратон, на кој го освои првото место во својата категорија.

Последнота нивна „акција“ се случи на традиционалната априлска трка „Трчаме кон целта“, а ние им посакуваме секое ново минување низ целта да им отвора нови атлетски хоризонти на кои Лајон Инс ќе им биде ветар во грб.

#ЛајонИнс #ВашатаСилаВоОсигурувањето #ААКСкобул

TOP