5 причини ЗА - твој личен агент за осигурување и продажба на осигурување „од врата до врата“!

21.09.2018 12:08:48 / Објавено во БЛОГ

Јавете се на вашиот агент за осигурување!



Денес повеќе од било кога се води беспоштедна борба за клиенти, а победуваат оние кои нудат најдобро корисничко искуство. Ништо поинаку не е ни во осигурувањето. Наспроти верувањето дека теренските агенти за продажба на осигурување се анахрона и непотребна појава, ние во Лајон Инс веруваме дека токму тие ќе го збогатат искуството на нашите постоечки и нови клиенти. Токму сега, во времето на целосна дигитализација добредојден е - корисен, пријателски и персонален контакт. 

 

 

Јавете се на вашиот агент за осигурување!

 

Еве ги за нас петте најважни точки од кои се гледаат бенефитите на теренската продажба на осигурување:

  1. 1. Insuretech како олеснување. Insuretech е поим кој го дефинира вклучувањето на модерната технологија во осигурувањето. Со сите технички алатки кои им се на располагање (таблети, телефони) работата на агентите за осигурување само се олеснува и збогатува, а во никој случај не станува непотребна. Користејќи најсовремени апарати, агентите можат во живо да им презентираат на клиентите огромна лепеза на производи, разни нивни варијации како и да го разгледаат заедно процесот на онлајн купување и да им пружаат соодветна асистенција.
  2. 2. Агентите за осигурување се продолжена рака на компанијата која ја претставуваат. Од нивниот однос и пристап, клиентите можат да стекнат релевантна слика за начинот на работа на компанијата, колку е таа подготвена да излезе во пресрет на клиентот за тој да ја добие најдобрата понуда. Тие се Ваши лични агенти и по напуштањето на Вашиот дом низ целиот период на соработка и ви овозможуваат брз пристап до информации и целосна корисничка „нега“. Тие ќе бидат носители на „нематеријалното ветување“ за кое веќе пишувавме и амбасадори на нашата работна филозофија.
  3. 3. Информација плус. Колку и да се содржајни информативните делови на одредена веб страница, речиси секогаш имаме некое дополнително прашање на кое не можеме да добиеме одговор онлајн. Телефонските оператори најчесто имаат можност да го обезбедат потребниот одговор, но со теренските агенти имаме простор и време во живо да ја добиеме саканата информација како и можност за проширена дискусија.
  4. 4. Стручна помош. Голем дел од палетата на осигурителни производи ни се непознати. На пример: Знаеме дека домаќинско осигурување е полиса за осигурување на домот, но не ги знаеме сите ризици од кои нѐ заштитува, во колкава мера нѐ штити и што треба да направиме доколку се случи настан кој би ја активирал полисата. Затоа, Вашиот агент е достапен за разговор и објаснување на одредени производи и Ви дава совет за најсоодветното решение за Вас.
  5. 5. Доверба на долг рок. Со стапувањето во контакт со агент за осигурување и купувањето на одреден осигурителен прозивод, започнувате однос кој ќе ви даде доверба во личноста и компанијата, однос кој ќе се развива и доградува и однос од кој ќе се изроди еден од најскапоцените плодови - довербата.

Јавете се на вашиот агент за осигурување!

 

TOP