T: +38922454004
Email: contact@lionins.mk
ЛАЈОН ИНС АД Скопје
Бул. Св. Климент Охридски 60А, , 1000, Скопје Р. Македонија
Патничкото осигурување е осигурителен производ кој за среќа е речиси неизоставен дел од шопинг менито пред тргнување на пат надвор од нашата земја. Затоа, во овој блог помалку ќе зборувам за важноста да се има, а повеќе за леснотијата со која сега можете да си го купите.
Се што треба да направите е да одите на нашиот вебсајт и во неколку едноставни чекори да се обезбедите со полиса за патничко осигурување.
,Со овие неколку чекори „изодени“ на мобилен или компјутер, избегнувате цела процедура која му претходи на купувањето патничко осигурување во некоја канцеларија:
Со купување на патничко од нашата веб страна, полисата ја добивате во електронска форма на вашата имејл адреса, ја симнувате на вашиот телефон и постојано ја имате со вас кога и каде да ви затреба.
Електронски купена и сочувана, полисата за патничко осигурување е целосно валиден документ и нема потреба да го печатите.
На нашата веб страна можете и да одберете еден од повеќето понудени пакети на покритие, како и да одберете некоја од дополнителните можности. Актуелна во моментов е сезоната на летните одмори и одличен избор за сите адреналински зависници е патничко осигурување со вклучена заштита од повреди настанати при нуркање.
Не само што немаме изговор за некупување патничко осигурување, сега веќе немаме изговор зошто тоа би го правеле на комплициран начин, наместо од дома или од работа, во движење или од клупа во некој парк.
Патничкото осигурување го имате сега во „излогот“ на нашата веб страна, ваше е само да се послужите и да уживате.
Среќен пат,
Ваш Лајон Инс!
П.С.
Многу кул момент е што со купување патничко онлајн, добивате можност да станете добитик на билет за концертот на Ерос Рамацоти!