T: +38922454004
Email: contact@lionins.mk
ЛАЈОН ИНС АД Скопје
Ул. Наум Наумовски Борче бр. 38/1-2, , 1000, Скопје Р. Македонија
Се наближуваат главните празници оваа зима, Нова Година и Божиќ, а подготовките се во полн ек. Шопинг центрите се преполни, се купуваат подароци, а наизменично, како во слоеви, се редат чувства на радост и возбуда. Купуваме од љубов, но и од неопходност. Буџетот најчесто го задолжуваме со надеж дека февруарскиот ребаланс ќе ја среди работата.
Подарувањето е благороден чин кој носи радост и за оној што подарува и за оној што го прима подарокот. Кога купуваме за најблиските, обично се одлучуваме за подарок кој има трајна вредност, без разлика дали вредноста ќе биде материјална или нематеријална. Животното осигурување ги содржи и двата елементи.
Ние во Лајон Инс го користиме овој период да Ви го свртиме вниманието токму кон животното осигурување - производ кој нуди целосна заштита за Вас и за Вашето семејство а воедно овозможува заштеда на средства. Издвојувајќи дел од Вашиот месечен приход, обезбедувате заштита на сите кои зависат од Вас. Еве неколку факти кои можеби не сте ги знаеле за животното осигурување:
Во духот на празниците и подарувањето, за сите Вас кои во овој период ќе се одлучите да купите полиса за животно осигурување во Лајон Инс, подаруваме ваучер од 100 евра за полиса склучена на 20 години, со годишна премија од најмалку 250 евра.
Јавете се и закажете средба со нашиот специјалист за животно осигурување и заедно ќе ја креирате најдобрата комбинација за Вас.
Среќни празници,
Ваш Лајон Инс.