Вашата сила во осигурувањето – Вашата сила во претприемништвото.

18.02.2020 15:00:42 / Објавено во БЛОГ

Од основањето до денес, оперативната визија на Лајон Инс подразбира секогаш да се направи чекор повеќе во полза на клиентите. Без разлика дали станува збор за најконкурентна финансиска понуда или дополнителен напор при грижата за корисниците, нашата работа никогаш не завршува со самата продажба на осигурување.

Ние сме компанија која максимално се обидува да биде во тек со бизнис трендовите како што е глобалниот процес на дигитализација и интензивна соработка и поврзување меѓу бизнисите. Ова е клучно, особено кога унапредувањето на работните процеси во една компанија тешко се одвива исклучиво со сопствени средства. Иновативните идеи и бизнис плановите често „фаќаат прашина“ во некој фолдер на компјутерот. За да се избегне ова сценарио најважни се контактите. Токму затоа, нашето искуство и контакти ги нудиме на нашите клиенти, со цел полесно да ги остварат своите претприемачки визии. Нашите канцеларии станаа „contact points“ на кои нашите клиенти можат да добијат прелиминарни информации за можностите да користат средства од европските финансиски програми и да остварат средби со реномирани консултанти. Во тој контекст е и нашето вклучување како логистички партнер на United Business Clubs (здружение на мали и средни претпријатија од Р. Бугарија) во активности за објаснување на придобивките од користењето финансии од евро фондовите и поврзување на компании од двете земји и регионот.

 

 

По Националниот Бизнис Форум кој се одржа во декември минатата година, на кој беа разгледани и објаснети сите европски програми на финансирање (Хоризонт2020, ИПА, ИПАРД, Еразмус и други), на крајот од февруари ќе се одржи и македонско-бугарски бизнис форум во Куманово под мотото „Заедно можеме повеќе“. Овој настан е со конкретна агенда, осмислен да произведе нови бизнис партнества како меѓу компаниите (од двете земји), така и меѓу компаниите и локалните власти. Предвидени се детални објаснувања на законските регулативи за отворање прекугранични претставништва, можности за заеднички проекти, како и Matchmaking, Speed dating и b2b сесии. Свои излагања ќе имаат личности со богато претприемачко и консултантско искуство и токму затоа ова може да биде настан кој ќе го унапреди работењето на многу компании. За нашите клиенти заинтересирани да учествуваат на овој настан, обезбедивме 20% попуст на котизацијата.

 

 

Планот на Лајон Инс е јасен. Ова нема да бидат изолирани случаи на зголемени активности за нашите корисници и клиенти. Низата на настани и активности за збогатување на Вашето искуство ќе продолжи. За нас, комуникацијата е единствен начин да се обезбеди заеднички прогрес.

Почитувани пријатели, во Лајон Инс имате партнер за осигурување од доверба, но и силен подржувач во Вашите бизнис потфати. Се гледаме на 28. февруари во Куманово! 

ЛИНК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

TOP