Нарачувајте и плаќајте осигурување од дома!

24.03.2020 13:30:04 / Објавено во ПОВОЛНОСТИ

Почитувани пријатели и потрошувачи,

Во согласност со актуелната состојба и општите мерки за заштита од ширењето на Корона вирусот, Ве известуваме за промените во начинот на работењето на Лајон Инс:

1. Телефонска ☎️ нарачка на полиси. Ве известуваме дека сите полиси од кои имате потреба може да ги порачате и по телефон во соодветната филијала. Вашата полиса ќе ја изготвиме и секогаш кога ќе постои можност ќе ви ја доставиме. Алтернативно, полисата ќе Ви биде подготвена веднаш за подигнување, со што се скратуваат контактот и времето потребно за издавање полиса.

2. Онлајн 📲 наплата на нови полиси или уплата на рата за издадени полиси. Плаќањето ќе може да го извршите електронски преку линк кој ќе го испратиме на Вашата e-мail адреса (инструкции ќе добиете при порачка на полисата или на телефон 078 208 505)

3. Уплата за полиса или рата преку електронско банкарство.

Лајон Инс АД Скопје

Жиро сметка 210067550540114

Депонент банка НЛБ ТУТУНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ

Цел на дознака: бројот на полисата за кои вршите уплата

Во случај да ја одберете втората опција потврда за извршената уплата испратете на contact@lionins.mk

Со овие новитети го олеснуваме за Вас процесот на издавње полиси и ги запазуваме препораките за ограничено движење и контакт од надлежните органи. На овој начин, не мора да го одложувате купувањето на било кој вид осигурување (особено задолжителното) од кој Вие имате потреба.

Запазувајте ги мерките на претпазливост. Купувајте и плаќајте онлајн.
Лајон Инс Ви посакува добро здравје! 💟

 

Јавете се  и Вашата полиса ќе биде изготвена без потреба да го напуштате Вашиот дом.

 

#ВашатаСилаВоОсигурувањето #КупувајОнлајн #СедиСиДома #ОстаниДома #StayHome

TOP