ЛАЈОН ИНС е брзорастечка компанија, која е основана пред 6 години како друштво за застапување во осигурувањето. Поради зголемениот обем на работа на подрачјето на град Скопје, имаме потреба од млади, амбициозни и креативни луѓе.
Предност имаат кандидати со искуство во теренска продажба.
Агент за теренска продажба (врата до врата)
Професионални карактеристики:
- Минимум средно образование
- Со или без работно искуство во продажба (областа на осигурување и теренска продажба ќе се смета за предност)
- Искуство и успешност во иницирање на средби и капацитет за одржување на добри релации со клиентите и купувачите
Карактеристики:
- Амбициозна и одговорна личност која е мотивирана и насочена кон постигнување на резултати и таргети.
- Силно изразени комуникациски, убедувачки и преговарарачки способности.
- Самоиницијативна и динамична индивидуа со одлични организациски вештини.
- Флексибилност, капацитет за поставување приоритети и способност за справување со приговори
- Способност за ефикасно менаџирање на време.
- Способност за самостојна работа и работа со тим
- Капацитет за работа во конкурентска средина
ЛАЈОН ИНС нуди:
- Фиксна плата
- Дополнителна провизија
- Одлична пријатна атмосфера за работа
- Бесплатни обуки и тренинг
- Можност за напредување во кариера
Вашето CV оставете го на електронската адреса contact@lionins.mk
Аплицирајте најдоцна до петок, 17.8.2018 година.