Нематеријално ветување

10.07.2018 13:27:58 / Објавено во БЛОГ

 

Да се зборува за осигурување не е лесно. Ниту со пријатели, а уште помалку со потенцијални клиенти. Осигурувањето најчесто се доживува или како некаква обврска, законски товар (сите задолжителни осигурувања), или како нешто што му е потребно на некој друг, потенцијално повикување на бељата (урок), или пак некој вид празна слама, затоа што е неопипливо и најверојатно никогаш нема да го искористиш (незадолжителните осигурувања). Од овие стереотипи произлегува дека незадолжителните видови осигурување, без разлика дали зборуваме за осигурување на имот или лица, не се вредни ни да помислиме на нив, ниту да се обидеме да ги вметнеме во домашниот буџет. Навистина, дел од негативната аура на осигурувањето е изградена и од непрофесионалниот „лов“ на клиенти, по цена и на долгогодишни пријателства преку мултилевел (пирамидален) моделот на продажба.

Но, само мал поглед во зачетоците на осигурувањето ни открива една исклучително благородна идеја за споделување на ризикот и негова распределба, со која штетата која би ја претрпел некој поединец, се покрива со учество на повеќемина.

Предноста на осигурителните агенции, каква што сме и ние – Лајон Инс, е во можноста да остваруваме постојан и непосреден контакт со нашите клиенти и да ги водиме низ целиот процес на склучување полиса, низ целиот период на времетраење, со посебно внимание во случај на побарувања за исплата на штети. Во една ваква констeлација на работите, Лајон Инс се позиционира како партнер во осигурувањето најблизок до изворните идеали присутни во првите осигурителни друштва. За секој тип незадолжително осигурување, а особено за животното осигурување кое е долгорочно, повеќегодишно решение на нашите клиенти им стоиме на располагање за разговор, планирање и проекција на совршениот осигурителен прозвод, посебно скроен за нивните потреби.

За оваа цел ги креиравме и калкулаторот за Животно осигурување и калкулаторот за пензија кои се ексклузивни услуги на нашиот пазар, затоа што сме свесни дека купувањето осигурување е едно нематеријално ветување дека сѐ ќе биде во ред.

 

TOP