T: +38922454004
Email: contact@lionins.mk
ЛАЈОН ИНС АД Скопје
Ул. Наум Наумовски Борче бр. 38/1-2, , 1000, Скопје Р. Македонија
Малку поубави глетки има на светот од глетката на заруменети образи распослани од двете страни на широката насмевка на луѓето, во зимски идиличен амбиент. Таа слика може да ја испровоцира само зимата со својот капацитет сѐ да радува и разубавува. Сигурен сум дека сите вие кои ја сакате зимата, си имате врежано таква слика во сеќавањето. Но, колекцијата на тие спомени треба постојано да се проширува, па затоа користете ја секоја прилика да скокнете на некоја планина и да уживате.
Овие денови кога илјадници луѓе се упатуваат кон некој од планинските туристички центри во земјава и надвор од неа, составивме неколку пријателски совети за вас:
Не се двоумете да пробате нешто ново. Никогаш не е доцна да совладате некоја нова вештина, а тоа се однесува и на некој од зимските спортови. Скијање, лизгање, сноуборд, што и да е, немате претстава колку придобивки ќе имате и за телото и за духот. Нека ова патување биде незаборавно!
Уживајте и во вечерните прошетки покрај дневните активности. Со деца или без, сами или со партнерот, деновите на планина се бројат на прсти и искористете го секој момент да го поминете на свеж воздух. Правете вечерни ангелчиња во снегот.
Чив снешко ќе биде најубав. Малку натпревар не е на одмет. Употребете ја вашата креативност и предизвикајте ги пријателите на мис/мистер Снешка/Снешко натпревар.
Чаша вино покрај каминот. Откако ќе заспијат „Денис и/или Маша“, не се оставајте без моменти за уживање за вас во интимна, идилична зимска атмосфера. Секако, ако немате таков „багаж“ со вас, можете тоа да го правите и почесто, а и со повеќе од една чаша.
Не заборавајте полна зимска опрема за сите! Освен зимската облека и опремата за активности на снег, не го заборавајте зимскиот пакет за вашето возило (зимски гуми, антифриз, зимско средство за стакла, лопатка, зелен картон). Запомнете, билетите за користење на скијалиштата, најчесто се поефтини ако ги купите онлајн. Мала тајна: ако ваш избор е Бугарија, купете си билети на страната https://www.bulgariaski.com/ski-packages/index.shtml и сигурно ќе заштедите. На крај, не заборавајте патничко здравствено осигурување кое можете да го купите онлајн на нашата веб страна со специјален доплаток за заштита од повреди настанати при бавење со зимски спортови.
Ви посакуваме честит Божиќ и незаборавни зимски радости кои ќе го стоплат вашето срце!