Добрeдојдовте во светот на онлајн осигурувањето!

22.10.2019 17:04:38 / Објавено во БЛОГ

Овој наслов иако звучи претенциозен, нам ни го резимира штотуку изминатото лето. Се однесува и на нас како компанија и на Вас нашите драги клиенти. Ова лето ние ја започнавме авантурата наречена онлајн продажба на осигурување, и топло ве пречекуваме во нашиот онлајн дуќан. Се надеваме дека сега осигурувањето ви е многу подостапно и полесно за користење.

За нас ова беше значаен, возбудлив и инспиративен период. Откако ја лансиравме онлајн продажбата на патничко осигурување во јуни, па сè до сега, можеме да се пофалиме со  одлични искуства.

  • Прво, видео рекламата со Игор Ангелов, кому сме му патем благодарни за соработката од која произлезе слоганот „Лесно како селфи“. Кратко, но впечатливо и ефектно видео во кое ликот на Игор совршено се совпадна со имиџот на Лајон Инс како млада компанија секогаш подготвена да оди чекор подалеку во интерес на клиентот.

 

  • Потоа следуваше барањето на „мамец“ кој ќе Ве поттикне да излезете од стеротипот „купување на шалтер“ кога е во прашање осигурувањето, и ќе Ве донесе до нашата онлајн продавница, подготвени да си пазарите полиса за патничко осигурување на интернет.
  • Мамецот го најдовме во концертот на Ерос Рамацоти во организација на Авалон продукција. Тајмингот беше совршен, а настанот исто така – крај на лето и светска мега ѕвезда во Скопје! Благодарение на Авалон, кои постојано организираат концерти и настани на највисоко ниво, на 5 онлајн купувачи доделивме по 2 билети за фанпитот и можност да го гледаат и слушаат Ерос од непосредна близина. Спомени насобрани за цел живот, ни рекоа среќните онлајн купувачи.

 

  • На крај следеше сумирање на резултатите. Секако, секогаш може подобро, но кампањата „Лесно како селфи“ го доближи Лајон Инс до неброено многу нови фанови, клиенти, пријатели. Илјадници уникатни посети на нашиот веб сајт, запознавање со нашата професионална визија и стотици продадени патнички осигурувања.

Не застануваме тука. Нашата политика не е да му „тутнеме“ полиса на клиентот во рака и да се поздравиме. Наш императив е клиентот да добие збогатено искуство, единствена корисничка грижа, и, секогаш кога е можно, некое посебно изненадување што ќе го зачини односот компанија – клиент.

Затоа запомнете, при секое патување надвор од државата, не се малтретирајте низ градските гужви и купете си патничко осигурување на lionins.mk затоа што е - лесно како селфи.

TOP