Како да не ти го украдат новчаникот во онлајн продавница?

31.01.2020 15:35:30 / Објавено во БЛОГ

Сакам да одам во шопинг по пижами, бушав, со немиени заби и филџан кафе во раката. Оваа наизглед бизарна реченица денес е наша реалност. Задоволството од купување онлајн сѐ повеќе го презема приматот од оноа кое го добиваме кога пребаруваме по продавниците. Без ралика дали некој производ нѐ „изненадил“ на нашиот дисплеј или смислено сме го барале, со два три клика станал наша сопственост. Притоа – купуваме облечени како за по дома, без губење време за патување и барање паркинг и не дај Боже плаќање пајак услуги.

Но, сите наши активности на интернет носат свој ризик. Вештите раце на сајбер криминалците вредно работат на тоа да ги соберат Вашите податоци и да ја олеснат Вашата банковна сметка.

За да не се претвори во кошмар задоволството од леснотијата на онлајн шопингот, еве неколку совети како да се заштитите:

  1. Не верувајте (оставајте податоци) на непроверени веб страници.
  2. Не одговарајте на сомнителни e-mail пораки. Измамниците често користат име на познат бренд во нивните адреси.
  3. Често нудат „бомбастични“ попусти и подароци.
  4. Внимавајте на сомнителни линкови споделени во e-mail порака или на некој сервис за инстант допишување (месинџер, вибер...)!
  5. Не отворајте фајлови од непознат испраќач, тоа е еден од главните инструменти за преземање податоци.
  6. Внимавајте, сајбер измамниците дизајнираат речиси идентични веб страни за да делува информацијата веродостојно.
  7. Нивните пораки најчесто содржат граматички и правописни грешки.
  8. Кога некој Ви нуди награда, добро отворете ги очите.
  9. Банките никогаш не ги бараат податоците од Вашите картички преку интернет.
  10. Безбедните веб страни имаат SSL сертификат.

Лајон Инс ја следи дигитализацијата која го окупира нашето живеење и воведе онлајн продажба на осигурување. Прв осигурителен продукт достапен преку нашата веб страна е патничко осигурување, а наскоро ќе можете онлајн да ги купите и останатите осигурувања.

Она што е значајно за овој текст е дека купувањето патничко осигурување преку lionins.mk24ins.mk, кој е нашиот домејн за онлајн продавницата) е максимално безбедно, а притоа „лесно како селфи“. Онлај продажбата на полиси оди преку системот на НЛБ банка. Во моментот на реализацијата на плаќањето со платежни картички, купувачот се пренасочува на заштитена од злоупотреба web страна на Банката, на која ги внесува податоците од платежната картичка потребни за реализација на плаќањето со што трговецот не располага со истите. По завршување на обработка на трансакцијата купувачот се пренасочува назад на интернет продажното место. Лајон Инс во ниту еден момент не ги добива информациите од Вашата платежна картичка!

На крај, ако ги одбегнувате бомбастичните линкови кои ви нудат брза и лесна заработка и e-mail пораките од ваши пријатели „во невоља“, во комбинација со советите погоре, Вашето онлајн шопинг искуство е гарантирано безбедно и лесно. Плус е еколошки, штеди време, нерви и нема патни трошоци.

TOP