Правила и Услови

Правила за користење на сајтот

Лајон Инс како креатор и сопственик на оваа интернет страна дава право да ги разгледувате сите материјали кои се публикувани во неа само за лична употреба, со нетрговска цел, под услов дека ги почитувате сите авторски права и соодветните ознаки. Не се дозволува материјалите на оваа страна да се променуваат на некаков начин, ниту да бидат копирани, јавно распространувани или разделувани за каква и да било општествена или трговска цел. Забранета е и нивна публикација на други веб страни. Материјалите на оваа страна се под заштита на Законот за авторско право и други права и секоја недозволена употреба може да биде нарушување на авторското право, права врз трговски марки и други законски определби.

Услови за користење на веб продавницата на Лајон Инс АД Скопје

Основен услов за користење на веб продавницата е доставување, односно внес на сите податоци лично од страна на клиентот (Договорувач / Осигуреник) кои се бараат во процесот на договарање на осигурувањето, со што клиентот се согласува со собирање на податоците и нивното користење, појаснети во политика за приватност.

Лајон Инс АД Скпопје ги собира, чува и обработува личните и други податоци во име и за сметка на Уника АД Скопје, преку користење на веб сајтот со регистрацијата за on-line купување на полиси за осигурување на интернет страницата, преку кои се врши лична идентификација на клиентот.  Следните категории на лични податоци клиентот ќе треба да ги внесе при процесот на договарање на осигурувањето односно при процесот на добивање on line  полиса за осигувување:

– име и презиме,

– дата и место на раѓање,

-единствениот матичен број,

-даночен број,

-број на лична карта или број на пасош,

-адреса,

– телефонскиот број,

-e-mail адреса, како и дополнителни информациите во врска со Вашето користење на производите и услугите на Лајон Инс.

Вториот услов е клиентот да изврши плаќање на премијата во целост со платежна картичка. Клиентот е должен да достави вистинити и потполни податоци. За случај на намерна достава на неточни податоци или доколку намерно се премолчат околностите кои можеле да доведат до одбивање на заклучување на договор за осигурување, Друштвото може да бара поништување на договорот за осигурување. Друштвото не сноси одговорност за внес на непотполни, неисправни и неточни податоци од страна на договорувачот на осигурување во текот на процесот на купување на полиса преку веб продавницата.

 

По прифаќањето на условите за купување на полисата, односно склучување на договорот за осигурување, со клик на копчето Плати системот води низ процесот за плаќање преку сигурносниот систем на центарот за процесирање на наплата на НЛБ банка АД Скопје

Плаќањето може да е со Кредитна или Дебитна Картичка (Visa, Visa Electron, MasterCard, Maestro) издадена од било која Банка преку сигурносниот систем за авторизација на Casys. Плаќањето е 100% безбедно!

Клиентот има обврска да ги внесе точните податоци од платежната картичка.

– CVV2/CVC2 кодот и телефонскиот број на дежурниот центар на Банката се наоѓаат од задната страна на платежната картичка.

– Пин код од картичката во ниту еден момент нема да биде побаран!

Со притискање на копчето потврди, веднаш системот на Casys се поврзува со Банката и ја авторизира трансакцијата.

Доколку било кој податок е погрешно внесен трансакцијата ќе биде неуспешна.

Доколку сите внесени податоци се точни и Банката ја одобри трансакцијата, потребно е уште еднаш да се притисне на потврди, со што уплатата е успешно завршена.

Со прифаќањето на условите од договорот за осигурување, и извршувањето на плаќањето, договорот се смета за склучен, по што во истиот момент на  e-mail адресата на клиентот која тој ја оставил во текот на внес на податоците за склучување на договор за осигурување, се испраќа полисата во електронска форма во прилог (attachment) на автоматската порака од Лајон Инс АД Скопје, заедно со условите за осигурување кои важат за конкретниот тип на продукт, како и дополнителна документација (доколку со закон е пропишана истата).

Со купување на полиса преку интернет клиентот се согласува со условите за осигурување согласно типот на купената полиса. Прекин или поврат на премија кај полисите издадени преку Електронската продажба е можен само пред почеток на траење на осигурувањето.

Во случај на потреба од печатена копија од полисата, односно невалидна e-mail адреса, клиентот да се обрати во канцеларија на Лајон Инс АД Скопје.

 

При купување Ваучер за осгурување:

Ваучерот за осигурување претставува авансно плаќање на полиса за осигурување.

Клиентите имаат право да побараат поврат на средствата 8 дена од купувањето на Ваучер за осигурување, доколку во тој период не започнала важноста на полисата за осигурување. Во тој случај се применуваат одредбите наведени во условите за осигурување.

Барањето се доставува во писмена форма до  Лајон Инс АД Скопје, на адреса Бул. „Свети Климент Охридски“ 60А, 1000, Скопје.

TOP