Македонско – Бугарски b2b форум - Куманово 2020

04.02.2020 14:16:59 / Postuar në PËRFITIMET

 

Почитувани дами и господа наши пријатели,

Со задоволство ве покануваме да земете учество на Македонско - Бугарскиот b2b форум - Куманово 2020, под мотото: “Заедно можеме повеќе”. 

Настанот е во организација на Здружението Oбединети Бизнис Клубови (ОБК) и Општина Куманово (Република Северна Македонија), со поддршка на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје и Амбасадата на Република Северна Македонија во Софија. 

Датум и час: 28 февруари 2020 г. од 10.00 до 13.30 часот;

Место: Занатски дом – Куманово 

Форумот е специјално дизајниран да обезбеди ефикасно информирање на правните субјекти за можностите за соработка и поврзување помеѓу компаниите, како и меѓу претставниците на локалната власт и компаниите. Особено привлечни се можностите за воспоставување партнерски и деловни односи со компании преку границите на двете држави, а  преку посебни „В2В“  и  networking сесии.

За  да обезбедиме најдобри резултати за Вашата компанија на настанот, Ве молиме да: 

  1. (a) Доставите кратки информации за вас, вашата компанија (организација) и вашите

деловни интереси.

  1. (б) Наведете кое лице, компанија или организација (од приложениот список) би сакале да

запознаете. кликнете тука за листата на пријавени компании

  1. (в) Наведете дали сакате да присуствувате со Вашиот репрезентативен штанд.

 

Форумот ќе го отворат високи претставници на македонската и бугарската власт, а најава за учество на настанот изразија градоначалниците на 29 македонски и 12 бугарски општини.

Учесници на настанот ќе бидат претставници од следниве економски сектори и потсектори: земјоделство и сточарство; лозарство и производство на вино; флаширање минерална вода; производство на пиво и безалкохолни пијалоци; прехранбената индустрија; текстилна, облека и обувки, индустрија за преработка на дрво и мебел; производство на градежни материјали; производство на метални конструкции; енергија (вклучително и зелена енергија); туризам; градежништво; транспорт и шпедиција; курирски услуги, хотели и ресторани, итн. 

Сите учесници ќе имаат можност да се сретнат и да разговараат со претставници на финансискиот (банкарскиот) сектор, како и со водечките советодавни компании од областа на европските фондови и програми.

⇒ ПРОГРАМА ⇐

 

Пријавете го Вашето учество преку формуларот за регистрација и извршете уплата со приложените податоци. 

Партиципација:

2.800,00 денари за клиентите на ЛАЈОН ИНС е обезбеден попуст од 20%, односно 2.240,00 денари.

Услугата вклучува: учество во почетната сесија на форумот, b2b состаноци, паузи за кафе и ручек за вмрежување.

Износот треба да го уплатите на:

Ж. С-КА 210073233360192

НЛБ Тутунска Банка АД Скопjе

Ве молиме, наведете го како примач - Еурофандс Консалтинг ДООЕЛ Куманово, а во цел на дознака – Такса за учество на форум во Куманово, на 28.02.2020

Ве молиме при регистрацијата да го запазите рокот за пријавување, за да се обезбедат точни податоци за учесниците.

Краен рок е 24.2.2020 

 

МАКЕДОНСКО - БУГАРСКИ БИЗНИС ФОРУМ - КУМАНОВО 2020

Бул. Св. Климент Охридски 60А, 1000 Скопjе

тел. +389 2 2454004 e-mail: events@ubclubs.eu

 

TOP