Заштита на податоци

Со влез на веб страната www.lionins.mk ги прифаќате сите услови и ограничувања. Доколку не се согласувате со наведените услови и ограничувања, ве молиме да не ја користите оваа веб страна.

Лајон Инс АД Скопје ги обработува личните податоци, а без кои не може да се склучи или спроведе договор за осигурување / полиса, односно да се обезбедат други поврзани услуги кои произлегуваат од дејноста на Друштвото – осигурување (пр: остварување на право на оштетно побарување), кои ги добива од клиентите при склучувањето и во текот на траењето на деловниот однос. Дополнително, и колку што е потребно за обезбедување на услугите,  Лајон Инс обработува лични податоци кои може да се обезбедат и се дозволени за обработка од јавно достапни извори (на пр. Национално биро за осигурување, Агенција за катастар на недвижности, Управа за јавни приходи, извршители, нотари, кредитни бироа, Министерство за внатрешни работи, Јавно обвинителство, како и други институции регулирани со Закон за супервизија на осигурување, Закон за задолжително осигурување во сообраќајот, Закон за облигационите односи, Закон за трговските друштва и други закони во доменот на регулација на осигурувањето или кои се пренесени од трети лица овластени со закон).

 

Личните податоци вклучуваат, но не се ограничуваат на име, презиме, дата и место на раѓање, единствениот матичен број, даночен број,  адреса, податоци за контакт – телефонски број, e-mail адреса, датум и место на раѓање, податоци кои се однесуваат на идентификација – документот за лична идентификација, односно број на лична карта или број на пасош и податоци за автентикација – примерок на потпис).

При обработка може да се користат и податоци од извршени услуги (налози за исплата), податоци од исполнување на обврските на Друштвото (индиректни информации при обработка на штети) податоци од користење на дигитални медиуми кои ги нуди Лајон Инс(време на пристап до веб страната на Друштвото, апликации или билтени, страници или линк на кој клиентот кликнал) и други податоци кои се вбројуваат во овие категории.

2.Цели и правен основ за обработка на лични податоци во Лајон Инс

 

Лајон Инс врши обработка на личните податоци заради исполнување договорни обврски, за цели на легитимни интереси, врз основа на законски обврски или јавен интерес, како и врз основа на дадена согласност на клиентот.

 

  • Исполнување на договорни обврски

Обработката на лични податоци се врши со цел овозможување на користење на  производите и услугите на Лајон Инс, односно за склучување и исполнување на склучени договори/полиси за осигурување со клиентите и други поврзани услуги. Обработката на лични податоци првенствено се врши во врска со одреден производ (на пр. полиса за патничко осигурување/ оштетно побарување и сл.), а целите може да вклучуваат и обезбедување совети, услуги во врска со производите на Лајон Инс, вклучувајќи го и споделувањето на податоци со компании во рамките на Групацијата или трети земји и сл.

 

  • Легитимни интереси

Друштвото ги обработува личните податоци со цел да ги испочитува непосредните законски интереси на Лајон Инс, како и правните интереси на трети страни.

Тука се вбројуваат следните случаи:

  • од правни причини (на пример, наплата на ненаплатени побарувања);
  • од деловни причини (на пр. мерки во случај на прекршување на договорот);
  • од безбедносни причини (на пр. да се избегне компромитирање на интегритетот, оригиналноста, достапноста или доверливоста на податоците);
  • од пазарни причини (на пример, директен маркетинг, рекламирање на услугите како и истражување на пазарот и сл.);
  • за спречување и откривање на злоупотреба и измама или други форми на казниво однесување и сл.

 

  • Законски обврски или јавен интерес

Лајон Инс обработува лични податоци согласно законски обврски (согласно барањата на GDPR, Законот за заштита на личните подаотци, Законот за супервизија на осигурување, Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, Законот за облигационите односи и други закони кои го регулираат бизнисот со осигурување и заштита на личните податоци), како и врз основа на регулаторни барања од институции, како што се Агенција за супервизија на осигурување, Национално биро за осигурување или други институции регулирани со закон. Податоците се обработуваат за потреби, како што се проверки, потврдување на идентитет, идентификација за целите на спречување на перење пари, исполнување обврски од доменот на осигурувањето, известувања согласно Законот за супервизија на осигурување и соодветните подзаконски акти и слично.

 

  • Согласност на клиентот

Лајон Инс обработува лични податоци врз основа на согласност за обработка на лични податоци за одредени цели (на пр. за маркетиншки цели). Согласноста може да се повлече во кое било време. Повлекувањето на согласноста нема да влијае на податоците обработени пред повлекувањето на согласноста.

Корисници на лични податоци

Пристап до лични податоци имаат вработените во организационите единици во Лајон Инс на кои им се неопходни податоците заради исполнување на договорните и законските обврски, или кои имаат легитимен интерес. Лајон Инс може да дава информации за клиентите само ако тоа претставува законска обврска или доколку клиентот има дадено изречна согласност за тоа. Согласно ова, корисници на лични податоци може да бидат:

  • државни органи, субјекти кои вршат јавни овластувања и институции (Национално биро за осигурување на Република Македонија, Агенција за супервизија на осигурување, даночни органи, нотари, извршители, вешти лица, судски органи и сл.) доколку постои законска обврска, и
  • Лајон Инс исто така, доставува лични податоци до давателите на услуги кои ги користат истите, вклучително и друштва кои работат во следните области: совети и консултации, маркетинг, информативна технологија, логистика, печатење, телекомуникации, и др.

 

Личните податоци на давателите на услуги можат да бидат доставени само врз основа на договор склучен со давателот на услуги и претходна проверка дека ги исполнува условите за законска обработка на лични податоци. Во врска со доставување податоци кон корисници, Лајон Инс се грижи за доверливоста и обврската за чување на деловна тајна.

Доколку Лајон Инс ги обработува личните податоци на клиентот врз основа на согласност, повлекувањето на согласноста ќе се примени и за наведените друштва.

TOP